Северна Кореја истрела неколку ракети во Јапонско Море

Министерството за одбрана на Јужна Кореја соопшти дека Северна Кореја денеска истрелала неколку ракети со мал дострел во насока кон Јапонско Море, неколку часа откако Советот за безбедност на ОН усвои резолуција за зајакнување на санкциите против Пјонгјанг.

Министерството наведе дека го анализира истрелувањето, за да одреди дали станува збор за ракети или артилериски оган.

– Јужна Кореја набљудува секакво дополнително дејствие, што би можело да биде преземено од Северот, соопшти портпаролот на Министерството.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.