Северна Кореја истрела ракета со голем досег

Северна Кореја денеска истрела ракета со голем досег, што според информации од оваа земја носела сателит, јави јужнокорејското Министерство за одбраната, пренесува МИА.

Лансирањето на ракетата е во спротивност со санкциите на ОН, што на Пјонгјанг му забрануваат да користи технологии за балистички ракети, пренесуваат британските медиуми.

Северна Кореја истрела ракета со голем досег
Северна Кореја истрела ракета со голем досег

Стратегиската команда на американските Вооружени сили (СТРАТКОМ) денеска изјави дека нивните системи за противракетна одбрана го пресретнале и проследиле истрелувањето на севернокорејска ракета во вселената, пренесоа британските медиуми

Ракетата е пресретната  во 1.29 часот по Гринич и нејзината траекторија била над Жолто Море, се наведува во сопштението на СТРАТКОМ.

САД утврдиле дека ракетата не е закана за нив

„Северноамериканската воздушно-вселенска команда (НОРАД) утврдила дека ракетата во ниту еден момент не и се заканила на Северна Америка“, се дополнува во соопштението.

Ракетата е истрелана во јужен правец, како што бил и планот, а минала крај јужната јапонска островска група Окинава, информира Јапонската радио-телевизиска корпорација (НХК).

Се чини дека првиот степен од ракетата успешно се одделил, пренесе јужнокорејската агенција Јонхап.

Светските држави го осудија лансирањето на ракетата

Јапонскиот премиер Шиндѕо Абе лансирањето на ракетата го оцени како „апсолутно неприфатливо“.

Американските власти ја пресретнаа севернокорејската ракета, но не сметаат дека таа е закана за САД и нејзините сојузници, изјавија американски претставници од одбранбениот сектор.

Можеме да потврдиме дека го пресретнавме севернокорејското истрелување на ракетата, како и дека првичните индикации не покажуваат дека има закана за САД или нашите сојузници, изјави еден од претставниците. „ Ја следиме ситуацијата и наскоро ќе располагаме со уште актуални информации“.

САД, Јапонија и Јужна Кореја за денеска побараа вонредно заседание на Советот за безбедност на ОН, на кое ќе се разгледа истрелувањето на ракетата од страна на Северна Кореја.

Дипломати од СБ на ОН, кои побарале анонимност, за британските медиуми изјавиле дека заседанието веројатно ќе се одржи во 16 часот по Гринич во седиштето на ОН.

Севернокорејската државна телевизија информира дека денешното истрелување на ракетата со голем досег, наредено од шефот на државата Ким Џонг-ун, за да се извади сателит во  вселената, е „полн успех“.

Сателитот „Кванмонсон – 4“ ја обикалува Земјата на секои 94 минути и Северна Кореја и во иднина ќе продолжи да изнесува сателити, изјави портпаролот на севернокорејската државна телевизија во соопштението што го прочита.

Истреланата ракета, се чини, во вселената извела објект, пренесе јужнокореската агенција Јонхап, повикувајќи се на јужнокорејски воен претставник.

Министерстиото за одбрана во Сеул засега не може да ја потврди информацијата, но ја следи траекторијата на ракетата за да оцени дали лансирањеро било успешно.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, го осуди истрелувањето и го повика Пјонгјанг да прекине со „провокациите“ и да ги почитува своите обврски кон меѓународната заедница, пренесе ТАСС.

Американскиот државен секретар Џон Кери го потврди обранбениот ангажман на неговата земја кон Јапонија и Јужна Кореја по севернокорејскоот лансирање на ракетата. Тој, исто така, кажа дека со Советот за безбедност на ОН  ќе работи на „значителните мерки“ за барање одговорност од Пјонгјанг.