Северна Кореја истрела седум ракети во море

Јужнокорејското Министерство за одбрана денеска соопшти дека Северна Кореја истрелала седум ракети земја-воздух во море, а операцијата била набљудувана од севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Ракетите биле истрелани синоќа од локација во близина на градот Сондок, во источниот дел на Северна Кореја.

На Корејскито Полуостров зголемени се тензиите поради заедничките воени вежби на САД и на Јужа Кореја, кои Пјонгјанг ги осудува и ги смета за проба за инвазија.