Северна Кореја ја свртува страницата на историјата

Извршниот директор на Светската програма за храна (WFP) оцени во саботата дека Северна Кореја „свртува нова страница“ во својата историја, откако оптимистичен се врати од четиридневната посета на оваа земја во текот на којашто се запозна со нејзиното земјоделие, и само неколку часа откако Пјонгјанг објави дека со увид на јавноста на 23-ти и 25-ти мај ќе го затвори својот нуклеарен полигон во Пунгје-ри.

Во саботата службената севернокорејска новинска агенција KCNA го пренесе соопштението на министерството за надворешни работи, коешто прецизира дека церемонијата на затворањето на нуклеарниот полигон Пунгје-ри ќе зависи од временските услови. Во моментов властите во Пјонгјанг ги спроведуваат соодветните технички подготовки, се истакнува во соопштението.

Севернокорејската дипломатија, исто така, нагласува дека на церемонијата ќе бидат поканети новинари само од Јужна Кореја, САД, Велика Британија, Кина и Русија. Ваквите услови во министерството за надворешни работи ги објаснуваат со „ограничениот простор“ на самиот нуклеарен полигон.

Договорот за затворање на нуклеарниот полигон Пангје-ри, во северниот дел на земјата и спроведувањето на адекватната јавна церемонија беше постигнат во текот на разговорите меѓу претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин и челникот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун која се одржа на 27-ми април во пограничното место Панмунџом. Ким тогаш веди дека во посета на Северот ќе покани новинари и експерти од областа на безбедноста, кои ќе го следат процесот на затворање на нуклеарниот полигон.

Подоцна во саботата извршниот директор на Светската програма за храна (WFP) и поранешен гувернер на американската сојузна држава Јужна Каролина, Дејвид Бизли за BBC, по посетата на Северна Кореја од 8-ми до 11-ти мај, за BBC изјава дека е голем оптимист во поглед на тоа дека оваа изолирана комунистичка земја ќе ги менува досегашните практики.

„Полн сум со надежи. Мислам дека навистина постои желба да се оди напред, Се добива впечатокот дека свртуваа нова страница на историјата“, изјави Бизли кој мина два дена во севернокорејската престолнина Пјонгјанг и два дена во рурална област и притоа истакна дека му бил одобрен пристап „без преседан“.

Оцени дека гладот се повлекол од 1990-те години, кога од глад умирале стотици илјади луѓе, според светските процени, како и дека прехранбената сигурноста е подобра и покрај слабите земјоделски приноси.

„Највпечатливото што го видов беше селото. Пролет е, сеат и немаат механизација. Гледате говеда како ги влечат колите, мажи и жени на полињата. Многу е организирано, секој квадратен метар земја е обработен, со мотики и гребла. Садат буквално до работ на коловозите, користејќи го сиот простор кој им стои на располагање“, додаде челникот на WFP.

Нагласи, сепак, дека е „несомнено“ дека гладот и неисхранетоста и натаму претставуваат „проблеми“ во Северна Кореја, во којашто само „15 до 20 отсто од земјиштето е обработливо“.

Во март 2017 година извештајот на Обединетите нации процени дека 10,5 милиони жители на Северна Кореја, или 41 отсто од вкупната популација, е неухрането, како и дека 18 милиони, или дури 70 отсто од населението зависи од јавната распределба на житарки и компири.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.