Северна Кореја ќе ги гледа натпреварите на Манчестер Јунајтед

Севернокорејскиот диктатор е голем фан на Манчестер Јунајтед, а доказ за тоа е неговата наредба, државната телевизија да ги пренесува мечевите на овој клуб.

Сепак, оваа негова одлука ги крена на нозе челните луѓе на Премиер лигата. Имено, од таму велат дека никој во Северна Кореја ги нема откупено правата за пренос на мечевите од Премиер лигата, што значи дека доколку се емитуваат натпреварите на Манчестер Јунајтед, тогаш тоа би било илегално.

Со оглед на тоа дека Ким Јонг-ун не се грижи многу за човековите права, а не па за авторските права, мечевите на Јунајтед најверојатно ќе бидат пренесувани.

Познато е дека во Северна Кореја постои цензура, па речиси никогаш не прикажуваат порази на националниот тим, останува да се види дали Манчестер Јунајтед ќе биде „цензуриран“ со оглед на тоа дека на стартот на сезоната не им оди баш најдобро.