Свет

Северна Кореја: Ќе го казниме секој кој ќе соработува со ОН

Северна Кореја: Ќе го казниме секој кој ќе соработува со ОН

Северна Кореја денеска се закани дека „немилосрдно ќе го казнува“ секој кој ќе учествува во работата на канцеларијата на ОН за човекови права, која ќе биде отворена во Јужна Кореја за да ги испита кршењата кај северниот сосед.

ОН во март ги повикаа да отворат теренски канцеларии која би ги надгледувала состојбите со човековите права во Северна Кореја, после објавувањето на извештајот на Истражната комисиј на ОН во кој на 372 страници се изнесуваат детали за кршење на човековите права, вклучувајќи мачење, изгладнување и убиства.

„Секој кој ги доведува во прашање дигнитетот и друштвениот систем и се нафаќа на основање на таква канцеларија ќе биде немилосрдно казнет“ соопшти севернокорејскиот Комитет за мирно соединување на Кореја.

Овој комитет се бави со прашања поврзани со Јужна Кореја.

Јужнокорејскиот претседател Пар Геун Хје и останатите претставници од меѓународните организации за човекови права „ќе ја платат цената“ , се наведува во соопштението кое го пренела државната агенција.

Планиранаа канцеларија е „гнасна политички мотивирана провокација“ и „антисевернокорејска завереничка организација“ на чиешто чело се Јужна Кореја и САД, се додава во текстот.

Северна Кореја „категорички и потполно“ ги отфрла оптужбите од извештајот, со оценка дека се засновани на материјал кој го лажирале непријателските сили со поддршка на САД, ЕУ и Јапонија, се наведува во соопштението.

Пјонгјанг е изложен на санкции од страна на ОН и САД заради неколку нуклеарни и ракетни проби кои Северна Кореја ги изври во 2006 година.