Свет

Северна Кореја: Немаме интерес да се откажеме од нуклеарното оружје

Северна Кореја: Немаме интерес да се откажеме од нуклеарното оружје

Северна Кореја не е заинтересирана за постигнување сличен договор како Иран со САД и да се откаже од нуклеарниот потенцијал. Ова го изјави министерот за надворешни работи на Северна Кореја, пренесува Ројтерс.

Во соопштението се вели дека нуклеарната програма на Северна Кореја е „суштински одбранбен систем“ против американската надворешна политика, според која Северна Кореја е непријател.

– Не е логично да се спореди нашата ситуација со Иранскиот договор бидејќи ние секогаш сме биле определени како непријатели на САД кои провоцираат, вклучувајќи и масивни заеднички воени вежби и како голема нуклеарна закана, се вели во соопштението, што беше пренесено од државниот медиум, но означено како соопштение од министерот за надворешни работи.

Понатаму се вели дека Северна Кореја нема интерес од дијалог за неотповикливо замрзнување или откажување од нуклеарното вооружување.

Инаку, САД, ЕУ и ОН воведоа санкции против Северна Кореја поради нејзината нуклеарна и ракетна програма.

– Јасно е дека ние сме нуклеарна сила и нуклеарните сили имаат свои интереси, се вели во соопштението.

Ким повика на обединување на двете Кореји
Ким повика на обединување на двете Кореји