Северна Кореја подготвува нова проба на ракета со среден дострел

In this Dec. 12, 2012 photo released by Korean Central News Agency, North Korea's Unha-3 rocket lifts off from the Sohae launch pad in Tongchang-ri, North Korea. The satellite that North Korea launched on board the long-range rocket is orbiting normally, South Korea said on Thursday. (AP Photo/KCNA)

Секоја таква проба претставува дополнителна шлаканица на меѓународната заедница, откако Советот за безбедност на ОН минатиот викенд го осуди пробното лансирање балистички проектил од подморница, пренесува Танјуг.

Постојните резолуции на ОН и забрануваат на Северна Кореја употреба на каква било технологија за балистички проектили.

Според неидентификувани владини извори на кои се повикува Јонхап, јужнокорејската војска „воочува знаци кои укажуваат дека Северна Кореја ќе истрела проектил Мусудан во блиска иднина. Се верува дека Мусудан има дострел меѓу 2.500 и четири илјади километри и во случај на најнискиот дострел би можел да погоди цели во цела Кореја и Јапонија, а во случај на највисокиот дострел и до американските воени бази на островот Гвам.

Тој проектил се уште никогаш успешно не е тестиран.

Пробното лансирање на 15 април Пентагон го оцени како катастрофален неуспех бидејќи ракетата експлодирала само неколку секунди после лансирањето.

Според Јонхап,  Северна Кореја подготвува два проектили Мусудан, но лансирањето на вториот било одложено. Агенцијата наведува дека тој, втор, проектил сега е подготвен за лансирање.