Северна Кореја повторно им се заканува со војна на САД

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун апелираше до војската на својата земја да се подготови за војна со САД и нивните сојузници, јавуваат денеска севернокорејските медиуми, пренесе МИА.

– Ситуацијата во која големата војна за националното обединување е неизбежна налага сите единици на Корејската народна армија да станат единици на елитната Гарда целосно подготвени за војна, политичка и идеолошка, во воената техника и материјалот, порача Ким.

Јужна Кореја и САД вчера спроведоа заедничка поморска воена вежба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.