Северна Кореја уапсила американски студент

Северна Кореја денес соопшти дека уапсила американски студент затоа што направил „непријателско дело“ против таа земја, пренесува „Танјуг“, повикувајќи се на Ројтерс.

Државната новинска агенција КЦНА соопштила дека студентот влегол во Северна Кореја како турист.

Како што се наведува, „тој бил фатен додека направил непријателско дело против државата која го толерирала и со што управувала американската влада“.