АНАЛИЗА: Северна Кореја може ефективно да одговори на воен напад од САД

Северна Кореја САД

Северна Корејa најави дека е целосно подготвена да одговори на секаков вид агресивни дејствија од страна на САД, откако американската армија одлучи да испрати во близина на оваа држава воени сили, предводени од нуклеарен носач на авиони, пишува руската новинска агенција РИА „Новости“, пренесува Нетпрес.

Рускиот воен експерт Павел Золотарјов во изјава за медиумите во Москва изразил мислење дека една ваква состојба може да доведе до сериозна ескалација.

Министерството на надворешни работи на Северна Кореја смета дека испраќањето на американски воено-поморски сили на чие чело е нуклеарен носач на авиони кон Корејскиот полуостров ги докажува агресивните намери на САД, на кои Пјонгјанг е подготвен да одговори, објави Централната телеграфска агенција на Кореја (ЦТАК).

Испраќањето на нуклеарниот носач на авиони „Карл Винсон“ во водите крај бреговите на Корејскиот полуостров, докажува дека сценариото за инвазија на САД на Народна Демократска Република Кореја достигнало сериозна фаза. Ако САД се осмелат да направат избор во полза на воените дејствија, врескајќи притоа со изговори за „превантивен удар“ и „уништување на опасностите“, тогаш Народна Демократска Република Кореја е подготвена да реагира против секаква форма на воени дејствија од страна на САД, изјавил портпаролот на севернокорејското министерство за надворешни работи, цитиран од државната ЦТАК.

Понатака во изјавата тој рекол дека Северна Кореја не моли за мир, туку е „целосно спремна да се заштити со силата на оружјето“.

Пред неколку денови американските медиуми соопштија дека воено-поморски сили предводени од носачот на авиони „Карл Винсон“, по наредба на претседателот на САД, Доналд Трамп, се насочиле кон реонот на Корејскиот полуостров. Во борбената група на американската армија, која тргнала кон бреговите на Северна Кореја, има два разорувачи, како и едне крстосувач вооружен со наведувачки т.н. „паметни ракети“, способни за пресретнување на балистички проектили.

Во неделата, Херберт Мекмастер, советник за национална безбедност на претседателот на САД, ја оправдувал одлуката за испраќање воени сили со „неприфатливоста“ за опсегот на нуклеарниот воен арсенал на Појонгјанг. Тој дополнил дека Трамп побарал армијата на САД да биде во состојба на целосна готовност „за да го понуди целиот спектар на можности за отстранување на опасности“.

Заменик-директорот на Институтот за САД и Канада, на Руската академија на науките, воениот експерт генерал-мајор Павел Золотарјов смета дека испраќањето на американските воени трупи кон Корејскиот полуостров покажува определени способности за брзо предислоцирање на воените сили.

Но, што се однесува, пак, до можноста за нанесување на воен удар, можеби кај некого се раѓаат идеи за повторување на успехот на некогашните израелски бомбардирања на нуклеарни обејкти на територијата на Ирак, со кои беше сопрена нуклеарната програма на земјата. Но, тука имаме совршено различна ситуација. Северна Кореја може веднаш да одговори и тоа доста ефективно: може да нанесе артилериски удари и во зоната на порази да влезе престолнината на Јужна Кореја. А, тоа може да доведе до таква ескалација на конфликтот, во која би имало сериозно вмешување на САД, со своите вооружени сили, за заштита на Јужна Кореја, смета Золотарјов.

Сепак, според него, и во САД и во Јужна Кореја ја разбираат комплексноста и целата опасност на ситуацијата.

Мислам дека американските воени лидери имаат трезвена проценка. Не случајно тие ги известија своите руски колеги, по нивните канали, пред да ја нападнат со преоктили авиобазата „Шајрат“. Што се однесува до Јужна Кореја, и таму исто така разбираат дека немаат способност да извршат воен напад врз Јужна Кореја, и дека најголемите штети првенствено ќе ги сносат самите тие. А, американците, сепак ќе останат на страна, смета рускиот воен експерт генерал-мајор Золотарјов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.