Северна Кореја за закани со напад со нуклеарни ракети на САД

Северна Кореја денеска се закани со напади со атомски бомби врз Белата куќа и Пентагон, како одговор на „обидите на САД за поттикнување воени тензии на Корејскиот Полуостров“.

Директорот на Генералното политичко биро на севернокорејската армија, вице-маршалот Хванг Пјонг-со обвини дека неодмна одржаните американско-јужнокорејски воени вежби во кои учествуваше и нуклеарен носач на авиони на Воената морнарица на САД, придонеле за зголемување на тензиите.

– Ако американските империјалисти го загрозуваат нашиот суверенитет и опстанок… нашата војска ќе лансира нуклеарни ракети кон Белата куќа и Пентагон, кои се извори на сето зло, порача Хванг во говор по повод годишнината од Кореската војна, емитуван денеска на државана севернокорејска телевизија.

Ова не се први закани на Пјонгјанг за ракетни напади врз цели на американска територија, но поголемиот број експерти сметаат дека Северна Кореја се уште нема капацитети да произведе интерконтинентални ракети што би имале дострел до САД.