Севернокорејски хакери заразиле 20.000 јужнокорејски паметни телефони

Севернокорејски хакери можеби заразиле 20.000 јужнокорејски паметни телефони со опасен софтвер, објави  Јужнокорејската национална разузнавачка служба (NIS).

Вирусот скриен во игри се ширел во Јужна Кореја низ веб сајтови од мај до септември. Според јужнокорејски медиуми, NIS работи на елиминирање на штетниот вирус од мобилните.

Претходно беше објавено дека Пјонгјанг двојно го зголемил број на  хакери дома и во странство на речиси шест илјади луѓе.

Информацијата за хакерските напади објавена е во време на неуспехот на новите напади да се обноват разговорите на двете Кореи на високо ниво.