Севиља доведе екстра засилување – без пари

Освојувачот на титулата во Лигата на Европа, Севиља потврди дека се договорени личните услови со Јевхен Конопљанка.

“Севиља постигна договор со фудбалерот, се очекува играчот да започне со медицински прегледи”, гласи соопштението на клупскиот вебсајт.

25-годишниот офанзивен фудбалер блескаше во финалето на ЛЕ, иако на крајот неговиот тим забележа пораз од Севиља со 3:2. Исто така, тој постигна осум погодоци во украинското фудбалско првенство, каде Днипро го освои третото место, со што привлече голем интерес ширум Европа.

Конопљанка ќе биде четвртото големо засилување за Севиља, откако клубот успеа да ги доведе и Адил Рами, Михаел Крон-Дели и Гаел Какута.