Спорт

Севилја ќе игра против Фиорентина, Днипро со Наполи

Севилја ќе игра против Фиорентина, Днипро со Наполи

Актуелниот првак во Лигата на Европа, Севилја во полуфиналето за противник го доби тимот на Фиорентина, додека украинскиот преставник Днипро ќе игра против вториот италијански тим во полуфиналето, Наполи.

Првите мечеви се на програмата на 7 мај, а вторите натпревари ќе се играат седум дена подоцна.

Победниците од овие дуели ќе играат во финалето на Лигата на Европа, на 27 мај во Варшава. Разврската во Лигата на Европа ќе биде извонредно интересна со оглед дека шампионот во ова натпреварување следната сезона ќе добие можност да игра во Лигата на шампионите.

Полуфинални двојки во ЛЕ:

Севилја – Фиорентина
Наполи – Днипро