„Севиља“ по 60 години четвртфиналист во Лигата на шампионите

Фудбалерите на „Севиља“ во реванш натпреварот од осмина-финалето на Лигата на шампионите го победија „Манчестер јунајтед“ на „Олд Трафорд“ и по 60 години пак ќе бидат меѓу најдобрите осум европски екипи. Последен пат „Севиља“ играше во четвртфиналето на најелитното европско натпреварување во сезоната 1956/57 година кога загубија од мадридски „Реал“ со вкупен резултат од 10:2.

По нерешениот натпревар без голови во Севиља фудбалерите од Манчестер влегоа како фаворит во реваншот, но не го оправдаа епитетот. Јунак на натпреварот беше Бен Једер, резервист на „Севиља“, кој влезе во 72 минута и до 78 минута ги постигна двата гола за гостите. Лукаку ги врати надежите за пресврт на мечот со голот во 84 минута, но резултатот до крај остана 2:1.

Во вториот осминафинален меч вечерва „Рома“ на Олимпико беше подобра од украински „Шахтјор“. Единствениот гол го постигна Един Џеко во 53 минута. Првиот натпревар во Дољецк заврши нерешено 2:2.

Претходно во четвртфиналето на Лигата на шампионите се пласираа „Јувентус“, „Реал“, „Манчестер сити“ и „Ливерпул“.  Вечерва се играат двата преостанати натпревари, „Барселона“-„Челзи“ и „Баерн„- „Базел“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.