Македонија

Сезонава заболеле 28.853 лица од грип

Сезонава заболеле 28.853 лица од грип

Минатата недела (14.04.2014 – 20.04.2014 година) пријавени се 105 новозаболени лица од грип или заболувања слични на грип, што е намалувaње од 52,9 отсто во однос на претoдната недела и 50 отсто во споредба со бројот на истиот период лани.Во однос на просечниот број на заболени за оваа иста недела во изминатиот 10-годишен период, бројот на пријавени случаи е поголем за 2,7 пати.

Во сезоната 2013/2014, заклучно со минатата недела вкупниот број на заболени од грип во републиката изнесува 28.853.

Во споредба со истиот период од минатата година, овој број е поголем за 16,1 отсто, а во однос на просекот за 10-годишниот период, се регистрира зголемување за 59,7отсто.

Во текот на минатата недела нема регистрирано смртен случај асоциран со инфекција со вирусот на грип, а вкупниот број на починати лица во оваа сезона останува 12.

Најголем број на заболени има во Скопје и во Прилеп, а најголем морбидитет има во Кавадарци.