СФОР намерно ја пренасочувал истрагата за „кингерот“

Новиот извештај за падот на „кингерот“ во кој загина претседателот Борис Трајковски и осумчлената делегација, босанскиот истражител Омер Кулиќ им го предаде на министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на премиерот Никола Груевски и на обвинителот Марко Зврлевски, објавува Република.

На денешната прес конференција експертскиот тим пренесе дека авионот е пронајден многу порано.

– Авионот е пронајден многу порано. Докажано е дека авионот не најден како што пишува во првиот извештај. Односно се сомневаат дека е многу порано најден од СФОР. Не е јасно зошто СФОР намерно потрагата ја пренасочиле на друго место. СФОР во првиот извештај тврдеше дека авионот го нашле со помош на „И ел ти“ уредот. Уредот бил исправен, но исклучен, не зрачел.

– Патниците починале на лице место, никој не го преживеал падот – заклучил експертскиот тим.

Несреќата се случи на 26 февруари 2004 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.