СГУС „Јосип Броз – Тито“ стана енергетски ефикасен објект

Во рамки на Деновите на енергетска ефикасност на Град Скопје, се одржи промоција на реконструкцијата на покривот и на фасадата на СУГС „Јосип Броз –Тито“, со што ова училиште стана енергетски ефикасен објект.

josip_brozz (1)На промоцијата  присуствуваа градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, Ханс – Хелге Сандер, заменик-амбасадор на Р.Германија во Р.Македонија, Александро Фракасети, заменик на постојаниот претставник на ОН во Р.Македонија, заменик-  регионалниот проект раководител од ГИЗ (Германското друштво за интернационална соработка) Јасна Секуловиќ и  директорката на СУГС „Јосип Броз –Тито“, Татјана Стојанова-Дуева, како  и наставници од средни училишта на Град Скопје.

-Денеска сме собрани овде заеднички да ја искажеме нашата морална одговорност кон општеството, градот и планетата воопшто, една од основните морални вредности на секој поединец. Европската комисија на 29 јануари 2008 година поведе голема иницијатива за поврзување на градоначалниците во енергетски свесни европски градови во постојана мрежа со цел размена на искуства во спроведувањето на делотворни мерки за подобрување на енергетската ефикасност на урбаните средини. Заедно со националните влади, локалните и регионални власти, државите членки на ЕУ ја делат одговорноста и активно ја преземаат обврската за борба против глобалното затоплување преку програма за ефикасно користење на енергијата и користење на обновливите извори на енергија, изјави градоначалникот Коце Трајановски.

Според податоците на Европскиот статистички завод (EUROSTAT) урбаните подрачја во Европската унија (EU) одговорни се за 80% од енергетската потрошувачка  и соодветните емисии на CO2 со тренд на годишен пораст од 1,9%. Токму заради таа причина, целта на Европската комисија за намалување на емисиите на стакленички гасови за над 20% може да се оствари само ако во процесот се вклучат и локалните власти, локалните инвеститори, граѓаните и нивни здруженија. Градот Скопје активно учествува во праземањето  мерки за енергетска ефикансност во јавните објекти. Нај свеж пример во кои Градот Скопје може да се пофали дека има еден добар енергетски ефикасен објект е СУГС „Јосип Броз-Тито“. Заменети се речиси сите прозорци во енергетско ефикасни, извршено е замена и на покривот и направена е нова енергетски ефикасна фасада. Фасадата е направена со финансиска подршка од УНДП и чини 3.905.717 денари, од кои Градот учествува со 2.331.300 денари. Целата реконструкција е извршена со проект за реконструкција на фасада, кој Градот го поседува и има исти такви за сите средни училишта кои се под наша надлежност. Со преземањето на овие мерки за енергетска ефикасност се предвидува заштеда на енергија околу 30%, како подобрување на амбиенталната температура во просториите, а потоа и во намалување на внесената енергија за загревање.

josip_brozz (2)– Градот во изминатите години  изврши гасифиција на  две средни училишта (СУГС„Горги Димитров“ и СУГС„Здравко Цветковски“),во тек е и гасификацијата на СУГС„Зеф Љуш Марку“ и СУГС „Арсени Јовков“, средствата коишто се инветираат во овој проект се враќаат за помалку од две години, а имаме заштеда од околу 50 %, истакна градоначалникот Трајановски.

Александро Фракасети, заменик на постојаниот претставник на ОН во Р.Македонија го изрази своето задоволство од успешната реализација на проектот во СУГС„Јосип Броз-Тито“, како и своите надежи дека успешната соработка со Градот Скопје ќе продолжи и во иднина.

Заменик-амбасадорот  на  Р.Германија во Р.Македонија,  во своето обраќање пред присутните посочи дека Грдаот Скопје е лидер од градовите во регионот во реализирање  проекти за енергетски ефикасни објекти.

Со овој настан денеска  завршуваат и Деновите на енергетска ефикасност 2014 коишто финансиски го поддржа ГИЗ (Германското друштво за интернационална соработка), во  чии рамките се организираа  повеќе настани.

Во областа на мобилноста и сообраќајот во СУГС Боро Петрушевски, учениците преставија велосипед кои со неговото движење полни мобилни телефони, нивни други идни вакви проекти, а Градот изврши промоција на апликацијата Патувај зелено (green route) и велосипедските патеки во Скопје.

Во Младинскиот културен центар се одржа филмски фестивал на тема енергетска ефикасност на кој беа прикажани едукативни филмови за граѓаните и директорите на училиштата и културните институции и професори кои работат на тематика на заштита на природата и енергетска ефикасност.

Во текот на изминатите три дена  ученици  делеа едукативни материјали од областа на енергетската ефикасност во центарот на градот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.