Шацимаркакис бара милијарди евра од Берлин за Атина

Поранешниот претседавач со мешовитиот комитет Македонија – Европски Парламент Јоргос Шацимаркакис побара Германија да и плати на Грција десетици милијарди евра на име  воени репарации за штетите направени во втората светска војна од германските нацистички власти.

Шацимаркакис кој има двојно германско и грчко државјанство сега е специјален пратеник на грчката влада за односите со кредиторите.
Поранешниот политичар од Слободната демократска партија изјави дека  „од 1949 година германските федерални власти вешто прашањето за компензација го туркале под тепих“ и предизвика силни реакции во Германија .
„Зошто Германија не може да спроведе инфузија во кеш за Грција„  праша Шацимаркакис за германските медиуми, притоа тврдејќи дека Атина нема да може да ги вати своите долгови во наредните 70 години.
Германските власти во неколку наврати ја отфрлија можноста на Грција да и се исплатат воени репарации за втората светска војна или да биде вратен кредитот што во 1943 година бил насилно од Хитлерова земен од грчката национална банка.
Шацимаркакис кој беше јавно обвинет дека  ја фалсификувал својата докторска дисертација а своевремено побара на Македонија да и се одземе кандитаскиот статус во 2014 година беше назначен од владата на Самарас за специјален пратеник со мисија да помогне Грција да излезе од програмата за помош. Владата на Ципрас го продолжи неговиот договор со поранешниот европратеник.
МИА