Шафик размислува да се кандидира за претседател на Египет

Поранешниот египетски премиер, Ахмед Шафик, изјавил дека ќе се кандидира за претседател доколку во таа трка не учествува шефот на армијата Абдел Фатах ал Сиси.

„Сега верувам дека ќе се кандидирам за претседател“, рекол Шафик во интервју за телевизиската станица „Ал Кахира Вил Нас“. Тој додал дека тоа ќе го направи доколку Сиси не учествува на претседателските избори кои се очекуваат на крајот на годината.

Шафик го напушти Египет минатата година по поразот на претседателските избори на кои што победил Мохамед Морси. Следната важна задача која го чека Египет е референдум за нов Устав, кој што ќе биде одржан на 14-ти и 15-ти јануари.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.