Магазин

Шакира ќе роди уште еден син

Шакира ќе роди уште еден син

Шакира и нејзиното десет години помладо момче Џерард Пике се во очекување на своето второ дете. 37 годишната пејачка ѕвезда призна дека малиот Милан ќе добие друштво, а сега се знае дека двојката ќе добие уште еден син.

Веста за бременоста Шакира ја откри во шпанското издание на списанието „Cosmopolitanu“ со наслов „Секси пејачка откри дека Милан ќе добие помал брат“.

Среќната вест ја искоментираа и родителите на Шакира: „Многу сме среќни! Ќе добијат уште еден син, па Милан ќе има со кого да си игра“, изјавија среќните баба и дедо.