Магазин

Шакира повторно ќе добие син

Шакира повторно ќе добие син

Популарната колумбиска пејачка Шакира(37), која кон крајот на aвгуст откри дека по вторпат е бремена, објавила дека таа и нејзиниот десет години помлад свршеник, фудбалерот на Барселона Жерар Пике повторно ќе станат родителите на машко дете. Славната двојка во јануари 2013 година го доби синот Милан.

Родителите на Шакира не го кријат воодушевувањето од веста.

– Многу сме среќни што Милан ќе има другар за играње – порачуваат Нидиа Рипол и Вилијам Мебарак Чадид.