Шакири демантира дека е несреќен на Алианц Арена

Швајцарскиот интернационалец од редовите на Баерн (М), Гердан Шакири откри дека сака и во новата сезона да настапува на „Алианц Арена”.

„Јас никогаш не сум изјавил дека сакам да си заминам од редовите на Баерн (М). Убаво се чуствувам во Минхен и не планирам некаква промена на клупската средина. Сепак, нормално дека ќе ја разгледам секоја понуда која ќе дојде на мојата адреса, но само по услов да биде испратена од некој голем европски клуб”, изјави 22-годишниот крилен напаѓач на Баерн (М).