Шакири разочаран од третманот на Алианс Арена

Швајцарскиот интернационалец од редовите на старо-новиот шампион на Германија, тимот на Баерн (М), Чердан Шакири потврди дека ќе си замине од “Алианс Арена” за време на летниот преоден рок.

“Јас не можам да продолжам по оваа патека. Ако не се случи некоја драстична промена во следниот период, тогаш јас ќе направам промена, ќе ја сменам клупската средина. Сакам поголема минутажа, сакам да ги одиграм најважните натпревари, не сакам да одиграм само неколку натпревари во германската Бундес лига. Не сакам уште една сезона како претходната. Се што сакам е да играм за голем клуб, за клуб кој ќе биде дел од Лигата на шампиони. Англија е една од неколкуте опции. Нема да играм за друг клуб кој се натпреварува во Германија. Ќе играм за клуб кој се бори за шампионската титула”, изјави 22-годишниот крилен напаѓач кој има договор со баварскиот гигант до 2016 година.