Шаќири во Интер

Тренерот на Интер, Роберто Манчини, изјави дека клубот ќе се обиде да го доведе Џердан Шаќири од клубот Баерн Минхен.

Шаќири има мала минутажа во тимот на Пеп Гвардиола, а во текот на летниот трансфер рок за него беа заинтересирани голем број на европски клубови.

Последен меѓу нив е Интер кој пред неколку денови ја комплетираше шестмесечната позајмица на Лукас Подолски од Арсенал.

„Пред се Шаќири е втора опција за нас, но не знаеме што ќе се случи во следните месеци“, вели италијанскиот фудбалски стручњак од клупата на „Џузепе Меаца“.

„Бараме играч кој ќе може да игра во напад и на страна, а Шаќири одговара на двете улоги“, рече Манчини.

Според информаците, фудбалерот на Баерн Минхен се согласил да се пресели во Милано, но останува само уште Баерн Минхен да ја прифати понудата која изнесува 2 милиони сега, за позајмица до јуни, а потоа уште 12 милиони евра за целосен откуп на договорот. Во целата ситуација се вмеша и Ливерпул кој сака веднаш да го купи Шаќири.

Интер во моментов се наоѓа на 11-то место во италијанската Серие А со 20 бода од 16 досега одиграни натпревари.