Шалке нема што да бара на Алианс Арена

Без победник и без погодоци заврши премиерниот натпревар од 23. коло во германската Бундес лига, дуелот во Берлин помеѓу екипите на Херта и Фрајбург.
Од денешните натпревари, убедливо најголемо внимание ќе привлече пресметката на “Алианс Арена”, дуелот помеѓу вечните ривали и претставници на Германија во 1/8 финалната рунда од Лигата на шампиони, Баерн (М) и Шалке.
Сосема нормално, баварскиот гигант важи за апсолутен фаворит и се освен сигурен триумф на избраниците на Пеп Ггвардиола ќе биде дефинарано како вистинска сензација.
Предноста на домашниот терен, но во дуелот против секогаш незгодниот тим на Нирнберг, ќе пробаат да ја искористата фудбалерите на Борусија од Ддортмунд, а капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Николче Новески ќе биде последна пречка за фудбалерите на Баер од Леверкузен.
Денеска на програмата: Аугсбург – Хановер, Леверкузен – Мајнц, Борусија Д. – Нирнберг, Брауншвајг – Борусија М., Вердер – Хамбургер, Баерн (М) – Шалке.