Шалке покажа бело знаме, Дрекслер достапен од јуни

Претседателот на германскиот бундеслигаш Шалке, Клеменс Тониес, потврди дека е голема веројатноста дека репрезентативецот на Германија, Џулијан Дрекслер, ќе си замине од Гелзенкирхен за време на летниот преоден рок.

Младиот играч за врска веќе подолг временски период важи за најголема желба на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, но лондонскиот клуб не сака да го исплати побараното обештетување од 45 мил. евра.

“Ние не сме во состојба да го задржиме Џулијан во Гелзенкирхен до крајот на неговата професионална кариера. Исто така не сакаме да му застанеме на патот и да не му дозволиме својата кариера да ја продолжи во некој друг клуб. Постојано разговараме на оваа тема, јас му кажав дека подобро е да остане во редовите на Шалке уште најмалку две сезони. Му кажав дека е премногу рано за некаков трансфер во странство. Можам со 100% сигурност да потврдам дека Ддрекслер нема да потпише за Баерн (М)”, изјави претседателот на Шалке.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.