Шампионот на САД опен побогат за 3.000.000 $

Победникот во сингл конкуренција на последниот грен слем турнир годинава САД Опен ќе инкасира 3.000.000 долари, соопштиоја организаторите. Минатогодишните победници на турнирот Шпанецот Рафаел Надал и Американаката Серена Вилијамс заработија по 2.600.000 долари. На вицешампионот ќе му припаднат 1.450.000 долари, за разлика од минатата година кога за пласман во финалето се инкасираа 1.300.000 долари . Вкупнмиот награден фонд на турнирот годинава ќе изнесува 38.300.000 долари , што е за 11.7 проценти повеќе од минатата година 

Последниот грен слем турнир почнува на 25 август во Њујорк.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.