Спорт

Шампионската титула е невозможна мисија за Челзи и Арсенал

Шампионската титула е невозможна мисија за Челзи и Арсенал

Без победник, 1:1, заврши саботниот дерби натпревар од 32. коло во англиската Премиер лига, дуелот помеѓу директните ривали во борбата за шампионската титула, Арсенал и Манчестер Сити.

Кога е во прашање конечниот резултат, далеку позадоволни мора да бидат гостинските фудбалери кои имаат негатива од два бода во споредба со лидерот на првенствената табела, тимот на Челзи, но избраниците на Мануел Пелегри имаат одиграно и да натпревара помалку во споредба со лондонскиот премиерлигаш.
Голем чекор, но во погрешната насока направија фудбалерите на Челзи кои сосема неочекувано доживеаа минимален пораз во дуелот против новајлијата во елитното друштво, екипата на Кристал Палас.
Најрасположени за игра беа фудбалерите на Манчестер Јунајтед кои ја искористија предноста на домашниот терен и многу полесно од очекуваното со убедливи 4:1 славеа во првенствениот дуел против секогаш незгодниот тим на Астон Вила.
Денеска, фудбалерите на Ливерпул ќе се обидат да го искористат големиот кикс на Челзи, но за противник за го имаат се подобриот тим на Тотенхем, а голема борба се очекува и на првенствената пресметка помеѓу екипите на Фулам и Евертон.
Резултати: Саутемптон – Њукасл 4:0, Манчестер Ј. – Астон Вила 4:1, Кристал Палас – Челзи 1:0, Стоук – Хал 1:0, Свонси – Норвич 3:0, ВБА – Кардиф 3:3, Арсенал – Манчестер С. 1:1.