Шампионскиот пехар му се насмевнува на Ливерпул

Првиот од двата најважни дуели кога е во прашање борбата за шампионската титула во англиската Премиер лига, пресметката на “Енфилд” помеѓу директните ривали за првата позиција, Ливерпул и Манчестер Сити заврши со минимален триумф на “црвените” од 3:2.

Иако му е јасно и тоа како ден, дека вината за болниот пораз мора да ја побара во сопствените редови и во катастрофалната грешка на капитенот, Винсент Комапни, предводникот на Манчестер Сити, Мануел Пелегрини откри дека е најмногу разочаран од судиската арбитража.

“Многу сум разочаран, мојот тим не заслужи да биде поразен. Одигравме многу добро, особено во финишот од првото полувреме и во вторите 45 минути. Жалам за пропуштената шанса на Силва, малку фалеше да постигнеме и трет погодок. Ливерпул експресно ја казни последната грешка која на направивме можеби во најважниот момент од натпреварот. Многу сум разочаран и од судиската арбитража. Имаше чист пенал, Шкртел играше со рака, но судијата не покажа на белата точка”, изјави Пелегрини.

Иако поголемиот дел од натпреварот го одиграа со играч повеќе, во 15 минута втор жолт картон заработи Чико Флорес, фудбалерите на Челзи забележаа само минимална победа во дуелот против екипата на Свонси.

Единствениот погодок на натпреварот постигнат во 68 минута беше дело на сенегалскиот интернационалец, Демба Ба.