Шампон од кравја урина наскоро во продажба

Група студенти од Рејкјавик направија шампон од кравја урина, што е само еден од бизарните производи кои се популарни во таа држава, објавија исландски медиуми.

Шампонот наречен едноставно „Q“ со мирис на роза е богат со витамини и наскоро ќе се најде во продавниците. Експерименталната серија е „разграбана“, а интерес за овој шампон покажале најмногу повозрасните купувачи.

Младите студенти сега сакаат да истражат дали може од говедска урина да се направи средство за перење алишта.

Шампонот е произведен во рамки на иновативните студии на Универзитетот во Рејкјавик.

На исландскиот пазар се јавува своевиден тренд на понуда на несекојдневни производи, како тестиси од овен, старо месо од ајкула или пиво од брашно од китови.