Шарапова го освои Ролан Гарос

Руската тенисерка Марија Шарапова се закити со титулата на вториот грен слем турнир годинава Ролан Гарос. Таа во финалето ја совлада Романката, Симона Халеп со 6:4, 6:7, 6:4. Ова е втора титула на турнирот во Париз за Шарапова.Таа претходно триумфираше на парискатаземја во 2012 година , додека минатата беше поразена во финалето од Американката Серена Вилијамс.