Шарапова нема решение за Серена

Американската тенисерка Серена Вилијамс се пласира во финалето на мастерс турнирот во Мајами, откако во полуфиналето ја совлада Русинката Марија Шарапова со 6:4,6:3.

Шарапова во двата сета прва направи брејк, но не успеваше до крај да ја задржи предноста и го претрпе 15 пораз во низа од светскиот тениски рекет број еден Вилијамс, кој е прв фаворит на Флорида, во финалето ќе игра со Кинеската Ли На, која во второто полуфинале беше подобра од Доминика Чибулкова со 7:5, 2:6, 6:3.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.