Шарапова преку Кузњецова за полуфинале во Пекинг

Марија Шарапова се избори за меч кој води во финалето на ВТА турнирот во Пекинг.

Руската тенисерка за вкупно еден час и 25 минути игра во четврфиналето ја декласира сонародничката Светлана Кузњецова со 6:0, 6:4. Шарапова во првиот сет беше супериорна, додека во вториот Кузњецова пружи малку посилен отпор, но сепак тоа не беше доволно за да стори нешто повеќе.

Така во полуфиналето ќе игра против Ана Ивановиќ, која таму се пласираше без борба, откако Симона Халеп и го предаде мечот.

Во второто полуфинале ќе играат Петра Квитова и Саманта Стосур.

Стосур нешто слично како Ивановиќ, без борба се пласира во полуфиналето откако мечот и го предаде најдобрата тенисерка на светот Серена Вилијамс поради повреда, додека Петра Квитова, која по титулата во Вухан продолжува со блескави партии, овој пат славеше против Роберта Винчи со 7:6, 6:4.