Шарапова се повреди на својот кам-бек

По двомесечната пауза, Шарапова настапи на турнирот во Вуан, Кина, но беше принудена да го предаде мечот од првото коло против Струцова поради нова повреда, овојпат на раката.

Претходно, Шарапова беше надвор од терените уште од полуфиналето на Вимблдон (пораз од Серена Вилијамс) поради повреда на ногата, проблем поради кој не настапи ниту на УС Опен.

Почувствував болка во подлактицата. Како што минуваше времето болката стануваше се поголемо, па знаев дека не е паметно да продолжам да играм и да ризикувам посериозна повреда. Се надевам дека не е ништо сериозно, дека е само последица на фактот дека подолго време бев без одигран меч, изјави Шарапова.

Таа најверојатно ќе го откаже своето учество на турнирот во Пекинг следната седмица, со цел да може да настапи на ВТА шампионатот во Сингапур, како и на финалето од ФЕД купот против Чешка, настани закажани за ноември.