Австралија Опен: Шарапова се спаси од елиминација, Рибарикова и МекХејл – не

Австралија опен за малку ќе останеше без уште еден носител на женскиот турнир, но вториот фаворит Марија Шарапова за влакно избегна елиминација во второто коло. Русинката со огромна мака успеа да слави против сонародничката Александра Панова, победувајќи ја по два и пол часа борба со 2:1 (6:1, 4:6, 7:5).

Убедлива во второто коло беше Кинескињата Шуаи Пенг која ја разби Магдалена Рибарикова со 6:1,6:1. Германката Витхефт и дозволи само три гема на Американката МекХејл, додека три сета им беа потребни и на Гергес, Плишикова и Храдецка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.