Шарапова се враќа по двомесечна пауза

Шарапова ќе учествува на турнирот во кинескиот град Вухан, и тоа преку специјална покана од организаторот на овој турнир, кој започнува на 27 септември и има награден фонд од 2,2 милиони долари.

Гледам напред и искрено се радувам што ќе се вратам на тенискиот терен. Напорно тренирав во изминатиот период, повредата е веќе минато и се надевам дека ќе имам успешен камбек, изјави Шарапова.

Русинката нема настап на ниту еден турнир од поразот во полуфиналето на Вимблдон од Американката Серена Вилијамс.