Шарапова во финалето на Ролан Гарос

Русинката Марија Шарапова е прва финалистка на вториот грен слем турнир годинава, Толан Гарос. Таа во полуфиналето во три сета ја совлада Канаѓанката Ежени Бушар со 4:6, 7:5, 6:2.

Слично како и на претходните мечеви, на Шарапова и беше потребно многу време за да се загрее и да фати ритам. Шарапова во финалето ќе игра со подобрата од второт полуфинале меѓу Симона Халеп и Андреа Петковиќ.

Русинката го освои турнирот во Париз во 2012 година , а лани загуби во финалето од Серена Вилијамс.