Балкан

Шариќ го уценува Специјалниот суд

Шариќ го уценува Специјалниот суд
фото „Блиц“: Шариќ тврди дека е невин, а 2,2 тони кокаин не се негови

Нарко босот Дарко Шариќ, кому во Белград му се суди поради шверц на дрога, нема да ја изнесува својата одбрана за трговија со кокаин се додека судот не одлучи за прислушкувањето на разгворите, пренесува весникот „Блиц“.

„Ќе побараме од доказите во постапката да се иземат пресретнатите разговори и пораки, бидејќи сметаме дека се обезбедени на незаконски начин. Шариќ нема да ја изнесува одбраната се’ додека судскиот совет не одлучи за овој наш предлог“, вели за „Блиц“, Радослав Бачовиќ, адвокат на Шариќ.

Шариќ веќе се произнесе дека е невин по обвинението.

„Дрогата не е моја. По совет на својот адвокат нема да одговарам на прашања. Ќе бидат подготвен подоцна“, нагласил Шариќ по првото појавување пред Специјалниот суд за оргнизиран криминал во Белград.

Обвинителство на последното рочиште презентирало шифрирани СМС пораки што Шариќ ги разменувал со соработниите при транспорот на 2,2 тони кокаин, кои беа запленети во Уругвај на 15-ти октомври 2009 година во полициската акција „Балкански воин“.