Шариќ: Не го разбрав обвинението

Судскиот совет го одби предлогот на адвокатот на Дарко Шариќ да се одложи претресот во постапката по обвинението за перење пари. Обвинетиот Шариќ рекол дека „не го разбира обвинението“.

Шариќ и уште 17 лица се обвинети за перење пари од дрога во Србија во вредност од 22 милиони евра, со вложување во легални финансиски текови.

Обвинителот побара постапката да продолжи, а по обраќањето пред судот на обвинетиот Шариќ и кратката пауза, судскиот совет одлучи да нема одложување. На Шариќ ова му е прво појавување во судот за овој случај.

Шариќ рекол дека не е виновен и дека во целост не го разбира обвинението.

„Не сум виновен. Ова е моето омилено обвинение. Не го разбирам. Мојот брат е осуден за 22 милиони, а и мене ми судат за 22 милиони, дали се тоа 44 милиони? Не стигнав да се запознаам со обвинението, бидејќи тоа не е возможно“, рекол Шариќ.

Тој минатиот понеделник, кога за прв пат се појави пред Специјалниот суд, негираше дека организирал шверц на 5,7 тони кокаин од Латинска Америка во западна Европа, тврдејќи дека целиот процес е дело на поранешниот режим.

Тогаш рекол дека соработувал со „многу богати луѓе“. Шариќ најавил дека ќе повика бројни сведоци да сведочат за монтирање на обвинението за перење пари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.