Балкан

Шариќ: Рочко го уценуваше Дачиќ со фотографии

Шариќ: Рочко го уценуваше Дачиќ со фотографии

Нарко-босот Дарко Шариќ вчера пред Специјалниот суд во Белград изјави дека постапката против него која се води за шверц на повеќе од 5,7 тона кокаин е политичка фарска, како и дека нему како атентатор и злосторник се му наместил поранешниот началник во српското министерство за внатрешни работи, Родољуб Миловиќ.

„Мене само ме фрлија во политиќчка кал, Најгорд сум на тоа што успеав да избегам и да се спасам жив. Тој, Рочко Миловиќ, во своите белешки без проблем пишуваше дека премиерот Мило Ѓукановиќ и другите во кокаинскиот ланец, како и дека јас сум петти, шести. Па, еден министер, Дачиќ, го уценуваше со фотографии со Родољуб Радуловиќ, а замислете што може мене да ми направи“, вели обвинетиот, наведувајќи за тоа дека некој сака да му го „намести“ делото.

„Тој е еден корумпиран, пијан и луд полицаец“, додава Шарич и повтори дека причината за неговиот кривичен нагон се крие и во тоа што Борис Тадиќ имал цел да го сруши Ѓукановиќ.

Како други причини ја навел и близината со бизнисменот кој не сакал да го именува, наведувајќи дека и нему му се суди во Специјалниот суд.