Шеесет и осум отсто од иситаниците сметаат дека религијата влијае позитивно

Шеесет и осум отсто од испитаниците во Македонија сметаат дека религијата има позитивна улога во земјата, наспроти 11 проценти кои се изјасниле дека има негативна улога.

Образованието, при тоа се наведува, е иманентен фактор за ставот кон позитивното влијание на религијата кај испитаниците. Оние кои се со повисок степен на образование веруваат дека религијата има помало влијание. И во Македонија се забележува дека нето скорот, односно разликата помеѓу позитивното и негативното влијание, кај оние без образование  изнесува 76 отсто и е повеќе од двојно поголем од оној кај граѓаните со највисок степен на образование (магистри и доктори на науки) 36 проценти.

Анализата за резултатите во Македонија утврди дека позитивниот нето скор за улогата на религијата во земјата е под битно влијание на перцепцијата на граѓаните кои со оптимизам гледаат на иднината (очекуваат 2014 да биде подобра од 2013), исто така влијание во иста насока се забележува и кај граѓаните кои општо земено се задоволни од животот кој го живеат (и кај обете категории нето скорот изнесува 61%).

Истражувањето „Крајот на годината“ е годишна традиција воспоставена уште од 1977 година.