Шеесет и три киднапирани жени од Боко Харам успеале да избегаат

Најмалку 60 жени и девојки, што минатиот месец беа киднапирани од припадници на екстремистичката исламистичка група Боко Харам во Нигерија, успеале да избегаат од своите киднапери.

Абас Гава, од локалниот Одбор за граѓанска самозаштита, изјави дека добил информации дека 63 киднапирани жени се вратиле во своите домови.

Информацијата ја потврди и висок безбедносен извор од главниот град на сојузната држава Борно, Маидугури. Жените успеале да побегнат откако нивните киднапери заминале во борба.