Шеесет повредени во земјотресот во Иран

Во силниот земјотрес кој го погоди денеска западот на Иран, повредени се 60 лица, јавуваат иранските медиуми.

Новинската агенција ИРНА наведува дека земјотресот бил со јачина од 6,2 степен според Рихтеровата скала.

Според ИРНА, во градот Абданан кој е погоден од земјотресот нема довод на електрична енергија, вода и телефонски сообраќај.