Шефот на австриската дипломатија во дводневна посета на Македонија

Министерот за надворешни работи на Австрија Себастијан Курц денеска попладне ќе пристигне во дводневна посета на Македонија.

Како што соопшти астриското Министерство за надворешни работи, Курц во Скопје ќе има средби со премиерот Никола Груевски и со неговиот македонски колега Никола Попоски. Шефот на австриската дипломатија предвидено е да се сретна и со лидерот на ДУИ Али Ахмети и со потпретседателот на опозициската СДСМ Радмила Шекеринска.

Првиот австриски дипломат во Македонија ќе допатува од Косово. Како што информираат од австриското МНР, Курц за време на посетата на Скопје и Приштина ќе ја пренесе пораката дека официјална Виена и годинава очекува напредок на реформите и оти динамиката на реформите не смее да запре. Во Косово, тој со министерот за внатрешни работи Скендер Хисени и со косовската претседателка Атифете Јахјага, како што се наведува, ќе разговара и за „џихадизмот и радикализацијата на Западен Балкан“.