Шефот на белгиската дипломатија Рејндерс во Македонија

Заменик премиерот и министер за надворешни работи на Кралството Белгија, Дидие Рејндерс, денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија, на покана од шефот на македонската дипломатија Никола Попоски.

Покрај средбата со неговиот домаќин Попоски, Рејндерс ќе биде примен од претседателот на државата Ѓорге Иванов, од премиерот Никола Груевски, а ќе одржи средба и со вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими.

Посетата е во функција на поттикнување нови можности за билатерална соработка, како и соработка на мултилатерален план, наведуваат од МНР.