Шефот на белгиската дипломатија во посета на Македонија

На покана од шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, заменик премиерот и министер за надворешни работи на Кралството Белгија, Дидие Рејндерс, утре ќе престојува во официјална посета на Македонија.

Како што соопшти МНР, покрај средбата со неговиот домаќин Попоски, Рејндерс ќе биде примен од претседателот на државата Ѓорге Иванов, од премиерот Никола Груевски, а ќе одржи средба и со вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими.

Посетата е во функција на поттикнување нови можности за билатерална соработка, како и соработка на мултилатерален план, наведуваат од МНР.