Шефот на британската дипломатија Вилијам Хејг поднесе оставка

Министерот за надворешни работи на Велика Британија Вилијам Хејг соопштил денес дека ќе поднесе оставка на должноста шеф на британската дипломатија откако четири години ја извршуваше таа должност.

„Поднесувам оставка на местото министер за надворепни работи после четири години за да станам лидер на долниот дом на парламентот“, напишал Хејг на Твитер.

Новата улога на Хејг најверојатно ќе биде да ја координира работата на владата со работата на долниот дом на британскиот парламент.