Шефот на кинеското контраразузнавање уапсен за корупција

Еден од највисоките претставници на кинеското разузнавање беше уапсен поради „тешки нарушувања на дисциплината“, израз што во Кина се користи за случаите за корупција, пишува МИА.

Ма Џиан, заменик-шеф на Министерството за државна безбедност, кое го нарекуваат „кинеско КГБ“, беше сметан за влијателен човек во моќните кинески служби за шпионажа и контрашпионажа.

Централната комиција за дисциплиниарна инспекција соопшти дека тој е обвинет за „тешки нарушувања на дисциплината“.

Неговите задолженија вклучувале координирање на борбата против дисидентите врз основа на разузнавачките податоци, собирани во Кина и во странство.